Македонија е опасно место за живеење за жените: Новиот фемицид во Битола е уште еден аларм за институциите

Ние, граѓанските организации, најостро го осудуваме новиот фемицид што утринава се случи во Битола, каде 31-годишна жена беше убиена од нејзиниот сопруг со нож. Според информациите на МВР, сторителот ја нападнал жената со која не живееле заедно, а таа починала на лице место од здобиените повреди.  Ова не е изолиран случај. Ова е уште еден […]

Масовна посетеност на маршот по повод 8 Март

Стотици граѓанки и граѓани присуствуваа на годинашниот марш, кој се одржува традиционално по повод 8 Март. Со десетици транспаренти „Камерите гледаат, институциите мижат“, „Насилникот дома, а жртвата да бара засолниште?“, „Трпи си, пријави си, умри си“, „Пресуда: Виновни сте за соучество во злосторство“, „Safe city, Unsafe Women“, жените испратија порака дека во ова општество жената […]

Платформата за родова еднаквост реагира на сексистичкото известување за случајот со студентката од Косово

Платформата за родова еднаквост, од која дел е и Акција Здруженска, изразува длабока загриженост за начинот на кој дел од медиумите известуваа за трагичниот случај со младата студентка од Косово, пронајдена мртва во Тетово на 5 ноември. Наместо професионално и одговорно известување, усогласено со етичките стандарди и родово-сензитивните принципи, сведоци сме на објави кои користат […]

ПОДДРШКА ЗА УЧЕБНИЦИ БЕЗ ДИСКРИМИНАЦИЈА И ЗНАЕЊА КОИ ПРОМОВИРААТ ЕДНАКВОСТ И ИНКЛУЗИВНОСТ

Долупотпишаните здруженија на граѓани и мрежи од граѓански организации, ги поздравуваат реформите предвидени во Предлог законот за учебници и други наставни и дидактички материјали и сметаат дека законот ќе донесе позитивни промени и напредок во образовните политики, особено од аспект на унапредување на пристапот до образование, еднаквоста и недискриминацијата во образованието. Клучен проблем, за кој […]

На петтиот Марш за женски права активистките потсетија – Држава што не постапува е држава што силува

Тука сме, ве следиме, и нема да ве оставиме на раат! Вчера, по повод 8 Март, се собравме пред Министерството за внатрешни работи (МВР), означувајќи го почетокот на петтиот Марш за женски права, организиран од Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права скандирајќи „Држава што не постапува е држава што силува“. „Виновни се […]

Протестен марш: Јавна соба е кривично дело

Над 500 граѓанки и граѓани под паролата „Јавна соба е кривично дело“, протестираа на вчерашниот марш (03.02.2021) организиран од Платформата за родова еднаквост, изразувајќи разочарување од системот и непостапувањето од страна на институциите за случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое безброј жени се жртви на родово базирано насилство. Маршот започна пред Министерството […]

ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ИТНО ДА ГО РАСЧИСТИ СЛУЧАЈОТ „ЈАВНА СОБА“ И ДА ЗАПОЧНЕ ПРОФЕСИОНАЛНО ДА РАБОТИ НА СЛУЧАИТЕ НА РОДОВО-ЗАСНОВАНО НАСИЛСТВО

Платформата за родова еднаквост денес одржаа прес-конференција на која упати барања до Јавното обвинителство и Советот на јавни обвинители за конечно разрешување на случајот Јавна соба и доследно пружање на заштита на жените жртви на родово-засновано насилство. Од Платформата бараат обвинителството и Советот итно да испорачаат конкретни резултати по нивните барања со рок до 8 […]

БАРАМЕ ИТНО ПРЕЗЕМАЊЕ НА МЕРКИ ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА СЛУЧАЈОТ „ЈАВНА СОБА“ И ЗАШТИТА НА ЖРТВИТЕ НА РОДОВО ЗАСНОВАНО НАСИЛСТВО

Платформата за родова еднаквост на 17 февруари 2021 одржаа прес-конференција на која упати барања до Министретвото за внатрешни работи за конечно разрешување на случајот Јавна соба и доследно пружање на заштита на жените жртви на родово засновано насилство. Бојана Јовановска од Платформата за родова еднаквост изјави „Со жалење заклучуваме дека иако сте Министер за внатрешни […]

Реакција: Скандалозен однос на Јавното обвинителство кон кривичните дела од „Јавна соба“

Платформата за родова еднаквост како мрежа од 24 организации изразува огромно разочарување од игнорантниот однос на надлежните институции во врска со случајот „Јавна соба“. Бараме од Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое голем број жени се жртви на родово засновано насилство. Точно една година […]

Барања до новата Влада на РСМ – Реформи за унапредување на родовата еднаквост

Имајќи ја предвид состојбата со родовата еднаквост во земјата и потребата за нејзино понатамошно и континуирано унапредување; Знаејќи ги насоките по кои се унапредува еднаквоста во демократските општества ширум светот и аспирациите на нашата држава да биде дел од меѓународни заедници кои меѓу другото ги темелат своите вредности и начела на родовата еднаквост; Платформата за […]

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.