Пред два дена, во рамки на Женскиот кружок во Кадрифаково беше одржана работилница посветена на проблемите и предизвиците со кои жените секојдневно се соочуваат во својата средина.
Преку отворен и искрен разговор, учесничките ги споделија своите искуства, ставови и потреби, посочувајќи ги прашањата кои сметаат дека заслужуваат поголемо внимание и конкретни решенија.
Работилницата беше можност жените од Кадрифаково активно да учествуваат во идентификувањето на приоритетите во својата заедница, но и да дадат свој придонес кон создавање подобри услови за живот и поголема поддршка за жените на локално ниво.
Разговорот покажа дека заедничкото делување, меѓусебната поддршка и отворената комуникација се важен чекор кон препознавање и надминување на предизвиците во местото во кое живеат.





